Hristijan Mickoski – “The Macedonian diaspora is an integral part of the country’s make-up”

In the past few days, I have noticed an intensive, wider negative campaign targeting the Macedonian emigrants who make up our diaspora, generalizing and criticizing their role and actions.

The source of most of these insults are those who politically manipulated this topic in the past, they were shown for false spirits, one day doing a show, arranging shoes of expatriates in front of the government, another bargaining with figures of emigrants without any mathematical and scientific accuracy, the third day demanding that their right to vote be abolished at the elections, and so on and so.

Today we see a completely different picture, an episode in which more expatriates are not a topic for the government, no figures about how many have returned in search of “life” that so many have announced it will come, but that’s why we see a dark campaign without a foundation.

I would prefer to be precise and clear. The Macedonian diaspora is an integral part of the country’s make-up, they are Macedonians who have the right to their own opinion, voice and are an inseparable part of this country, with their own homes, relatives in our villages and cities. We as a state do not need another basis for dividing the already divided civilian tissue. I would not in any way diminish their meaning in economic terms.

The diaspora in the form of foreign remittances in 2017 sent EUR 194 million to the Republic of Macedonia, money spent in our country. In addition, 1.2 billion euros were exchanged through exchange offices, of which a good part is money brought in from the Macedonian diaspora.

Therefore, a negative campaign against expatriates is a campaign against its own country, against its people, and that we must not allow it. The Macedonian in London, Washington or Canberra is no different from all of us who live in our country, because we share a common thought, a dream and an idea for a better Republic of Macedonia in which I firmly and steadfastly believe.

 

Во изминатите неколку денови забележувам интензивна, поширока негативна кампања насочена кон македонските иселеници кои ја сочинуваат нашата дијаспора, генерализирајќи и критикувајќи ја нивната улога и дејствување.

Изворот на повеќето вакви навреди се оние кои во минатото политички манипулираа со оваа тема, па се прикажуваа за лажни душегрижници, еден ден правејќи театар редеа чевли на иселените пред владата, друг лицитираа со бројки на иселени без било каква математичка и научна прецизност, трет ден бараа да се укине нивното право на глас на изборите и се така до недоглед.

Денес гледаме сосема поинаква слика, епизода во која повеќе иселениците не се тема за владата, нема бројки за тоа колку се вратија во потрага по “животот” кој толку многу го најавуваа дека ќе дојде, но затоа гледаме една црна кампања без основа.

Јас би преферирал да сме прецизни и јасни. Македонската дијаспора е составен дел од ткивото на оваа држава, тие се Македонци, кои имаат право на свое мислење, глас и се нераскинлив дел од оваа држава, со свои домови, роднини по нашите села и градови. Нам како држава не ни е потребна уште една основа за поделба и на така веќе поделеното граѓанско ткиво. Јас никако не би го намалувал нивното значење и во економска смисла.

Дијаспората во вид на девизни дознаки во 2017та година испратила 194 милиони евра во Република Македонија, пари кои се потрошени во нашата држава. Дополнително преку менувачниците разменети се 1.2 милијарди евра, од кој добар дел се пари донесени од македонската дијаспора.

Затоа, негативната кампања кон иселениците е кампања против својата земја, против својот народ и тоа ние не смееме да го дозволиме. Македонецот во Лондон, Вашингтон или Камбера не се разликува од сите ние кои живееме во нашата Македонија, затоа што споделуваме една заедничка мисла, сон и идеја за подобра Република Македонија во која цврсто и непоколебливо верувам.

 

Hristijan Mickoski – VMRO DPMNE


This Article brought to you by: (Sponsored Ad)

Anti Slip and Non-Slip Floor Surface Safety Solutions Provider

Slippery Floor Surfaces Lead to Slip Fall Issues

Call Andrija Petrevski on 0405 273 899

By | 2018-03-09T13:50:57+00:00 March 9th, 2018|Latest News|0 Comments