СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД: СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕНАДЛЕЖЕН И ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ ЗАРАДИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА!

Уставниот суд на Македонија на вчерашната триесет и прва седница ја отфрли иницијативата за поништување на Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, заради примена на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, донесена од Собранието на седницата одржана на 19 октомври 2018 година. Шест од девет уставни судии гласаа за отфрлање на иницијативата поднесена од Светскиот Македонски Конгрес и адвокатот Томе Тодоровски од Свети Николе.

Во образложението на судијата известител Насер Ајдари, Судот оцени дека оваа одлука не е пропис и поради тоа се прогласи за ненадлежен.

На седницата на Уставниот суд присуствуваа претставниците на подносителите на иницијативите, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров и адвокатот Томе Тодоровски.

Пред донесувањето на одлуката судиите имаа полемика дали Судот треба да ги прифати или отфрли иницијативите.

Уставните судии Јован Јосифовски, Елена Гошева и Осман Кадриу сметаа дека Судот треба да ги земе во предвид двете иницијативи и мериторно да одлучува, бидејќи станува збор за деликатно прашање кое заслужува внимание.

Уставниот судија Елена Гошева констатира дека Собранието нема надлежност за промена на името на државата, а Уставниот суд е надлежен да отвори расправа по иницијативите, бидејќи содржат премногу аргументи за основаноста на Одлуката за пристапување кон измена на Уставот!

– Ако не сме надлежни ние, кој друг? Како Уставен суд сме расправале по многу поневажни прашања, отколку што е ова, со кое се отвара можност Собранието да го промени името на државата. И затоа, сметам дека Уставниот суд е должен да отвори расправа по овие иницијативи, по оваа Одлука за пристапуавње кон измена на Уставот. Така, за жал, Судот одлучи и по иницијативите за пониптување на Одлуката за распишување на референдумот на 30 септември 2018 година. Позади прашањето “Дали сте за членство во Европската Унија и НАТО прифаќајќи го Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“ всушност се гласаше за промена на името на државата! Се разбира, одлуката не беше усвоена. Не смееме да заборавиме дека Собранието нема надлежност за промена на името на државата! – заклучи Гошева.

Уставниот судија Јован Јосифовски го постави прашањето за валидноста на одлуката од аспект на мнозинството со кое е донесена, повторувајќи дека Собранието веќе создало пракса со која двотретинско мнозинство не е 80, туку 81 пратеници! Притоа ги спомна наводите во иницијативата на Светскиот Македонски Конгрес од стенограми на седници на Собранието во времето кога претседавале Стојан Андов и Тито Петковски, кога двотретинско мнозинство било 81 пратеници, а не 80 со кое е донесена Одлуката за пристапување кон измена на Уставот од 19 октомври 2018 година. Од друга страна, тој ја постави согласноста на Одлуката и од аспект на нејзината важност со денот на донесувањето, што не е во согласност со Уставот на Македонија, Одлуката да влезе во рок од осум дена од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“!

По жолчна расправа дали Уставниот суд треба да го прифати рефератот и предлогот на судијата известител, Насер Ајдари, за отфрлање на иницијативите и Судот да се прогласи за ненадлежен, четворица судии побараа да се одржи подготвителна седница и да се отвори јавна расправа со поканети претставници од подносителите на иницијативите и експертската јавност. За жал, на крајот од расправата, Уставниот суд со шест гласа “за“ и три гласа “против“ го отфрли предлогот за одржување на подготвителна седница со нов реферат и известител. За прогласување на Уставниот суд за ненадлежен гласаа претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и уставните судии Насер Ајдари, д-р Дарко Костадиновски, Сали Мурати, Вангелина Маркудова, Владимир Стојановски, а против гласаа уставните судии Елена Гошева, Јован Јосифовски и д-р Осман Кадриу.

По седницата, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров ја даде следната изјава:

– Уставниот суд е орган кој треба ја штити уставноста и заонитоста. За жал, расправата покажа дека уставните судии се контрадикторни и неконзистентни, не ја штитат уставноста и законитоста туку власта и велепредавството на Владата против нацијата и државата.

Решението на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата за поништување на Одлуката за пристапување кон измена на Уставот поради ненадлежност за нас е неприфатлива, бидејќи го легитимира правото на Собранието да го промени името на државата и идентитетот на нацијата што е спротивно со резултатите од референдумот одржан на 30 септември 2018 година кога не е усвоена одлуката за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата, кога не е усвоен Договорот Димитров-Коѕиас, и е спротивно со задолжителниот референдум одржан на 8 септември 1991 година кога две третини од вкупниот број запишани избирачи гласаа “За суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки.

Жалосно е што уставните судии легитимираат меѓународен договор кој не е ратификуван во согласност со Уставот и не е дел од уставниот поредок на Македонија, дури и ништовен по Виенската конвенција за договорно право од 1967 година.

Ќе го продолжиме отпорот прпотив марионетската влада и апелираме пратениците да не ги усвојат амандманите за промена на името на државата! И натаму бараме распуштање на Собранието и нови парламентарни избори, – рече претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.



DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organisation relies on the generosity of individuals and other organisations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

 

By | 2018-12-14T11:32:58+11:00 December 14th, 2018|Latest News|Comments Off on СКАНДАЛОЗНА ОДЛУКА НА УСТАВНИОТ СУД: СЕ ПРОГЛАСИ ЗА НЕНАДЛЕЖЕН И ЈА ОТФРЛИ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНА НА УСТАВОТ ЗАРАДИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА!