ИНИЦИЈАТИВА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЗА ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО 19 ДРЖАВИ!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) до Претседателот на Републиката поднесе иницијатива за воспоставување диполоматски односи со 19 држави во светот под државното име Македонија.

Во иницијативата до Претседателот на Републиката проф.д-р Ѓорге Иванов, СМК потсетува дека процесот на меѓународното етаблирање на Македонија започна после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, со Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија донесена од Македонското Собрание на седницата одржана на 25 јануари 1991 година, референдумот “За суверена и самостојна држава Македонија“ одржан на 8 септември 1991 година, и Уставот на Република Македонија донесен од Македонското Собрание на седницата одржана на 17 ноември 1991 година.

СМК потсетува дека на 7 април 1993 година, Советот за безбедност со Резолуцијата 817/1993 препорача прием на Македонија во ООН, со апликација број S/25147, а на 8 април 1993 година Генералното Собрание со акламација ја донесе Резолуцијата 47/225 за прием на државата Македонија во членство на Обединетите Нации како 181 земја членка.

СМК укажува дека и Резолуцијата 817/1993 на Советот за безбедност од 7 април 1993 година и Резолуцијата 47/225 на Генералното Собрание од 8 април 1993 година и македонско-грчката Времена согласност од 13 септември 1995 година, не прејудицираат промена на името на државата Македонија, туку разговори за разликата за името на државата Македонија со Владата во Атина поради добра волја на Македонската Влада за таа разлика да разговара. Овие акти не упатуваат на договор за ново меѓународно име. Имено, “поранешна Југословенска Реублика Македонија“ е само времено обраќање во системот на Обединетите Нации и тоа само за времето додека траат разговорите со Владата во Атина за разликата за државното име кое се состои само од еден едеинствен збор – зборот Македонија!

СМК потсетува дека и одлуката на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година го суспендира “суспензивното“ право на Грција за членство на Македонија во меѓународните организации под државното име Македонија!

Во својата иницијатива до Претседателот на Републиката, СМК вели дека после 20 години разговори за разликата за името на државата меѓу Македонија и Грција со посредство на ООН, се покажа дека тие се беспредметни и изгубија секаква смисла. Македонија денес под државното име е призната од 134 држави, членки на Обединетите Нации.

СМК потсетува дека од вкупно 192 земји членки на Обединетите Нации, денес Македонија под уставното име е призната од 134 држави во светот, членки на ООН, а со повеќе од 170 Македонија има дипломатски односи. Соединетите Американски Држави, Руската Федерација и Кина се три постојани земји членки на Советот за безбедност на ООН кои ја признаа Македонија под нејзиното државно и историско име!

За жал, СМК алармира дека Македонија нема дипломатски односи со 19 држави во светот, повеќето од нив островски и егзотични земји, поради неиницијативност и индиферентност на македонската дипломатија.

Заради заокружување на процесот на признавање и воспоставување дипломатски односи со сите држави во светот, членки на Организацијата на Обединетите Нации, СМК бара Претседател на Републиката кој ја претставува земјата дома и во светот, да поднесе нота за признавање и воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија под државното име со државите со кои воопшто немаме никакви дипломатски односи: 1. Грузија, 2. Сан Марино, 3. Либан, 4. Мали, 5. Јужен Судан, 6. Тунис, 7. Бахамските острови, 8. Барбадос, 9. Гренада, 10. Сент Китс и Невис, 11. Тринидад и Тобаго, 12. Кук островите, 13. Кирибати, 14. Ниуе, 15. Палау, 16. Папуа Нова Гвинеа, 17. Соломонските Острови, 18. Тонга, и 19. Палестина!

На потег е Претседателот на Републиката!

 



DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organization relies on the generosity of individuals and other organizations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

By | 2018-11-29T12:12:07+11:00 November 29th, 2018|Latest News, Press Release|Comments Off on ИНИЦИЈАТИВА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКАТА ЗА ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ СО 19 ДРЖАВИ!