ОДЛУКАТА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ИЗМЕНИ НА УСТАВОТ ЗАРАДИ ПРОМЕНА НА ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ Е НЕПРИФАТЛИВА И НИШТОВНА!

За Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, Одлуката на Собранието за пристапување кон измени на Уставот според Спогодбата Димитров-Коѕиас е неприфатлива и ништовна и претставува велепредавство на државата и нацијата поради флагрантно кршење на Уставот и законите!

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) повторно потсетува дека две третини или 1.200.000 од вкупниот број запишани избирачи на референдумот одржан на 30 септември 2018 година НЕ гласаа за членство во Европската Унија и НАТО Алијансата и Спогодбата Димитров-Коѕиас! Соодветно, Државната изборна комисија констатира дека одлуката на референдумот не е усвоена, бидејќи не гласаа мнозинството од вкупниот број запишани избирачи!

СМК потсетува дека задолжителна, трајна и непроменлива е одлуката од референдумот одржан на 8 септември 1991 година кога Македонците, по род и државјанство, во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот според членот 73 став 4 од Уставот е задолжителна за сите, без исклучок!

Во согласност со членот 19 од Законот за референдум, за иста одлука Собранието не може да гласа пред истекот на рокот од две години од денот на одржаниот референдум.

СМК најостро го осудува владиното насилство врз пратениците заради промена на името и Уставот на државата, иако Собранието го нема потребното двотретинско мнозинство.

СМК бара Претседателот на Републиката да ги помилува сите во настаните од 27 април 2017 година поради манипулациите со нив за глас во Собранието заради промена на името и Уставот на државата!

СМК потсетува дека Спогодбата Димитров-Коѕиас не е дел од внатрешниот правен поредок на Република Македонија, бидејќи не е ратификувана во согласност со Уставот и поради тоа е ништовна: Ниту е склучена од Претседателот на Републиката, ниту Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас е објавен во Службен весник бидејќи не е потпишан Указот за негово прогласување од Претседателот на Републиката.

СМК поднесе пријава до Јавниот обвинител против премиерот и министрите кои ја предложија и пратениците кои гласаа за Одлуката за пристапување кон измени на Уставот, поради сторени кривични дела против државата и нацијата: Повреда на угледот на Република Македонија (членот 178), Излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците (членот 179), Велепредавство (членот 305), Загрозување на независноста (членот 308), Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста (членот 313), Саботажа (членот 315), Здружување заради непријателска дејност (членот 324), Злоупотреба на службената положба и овластување (членот 353), Организирање на отпор (членот 387), Самовластие (членот 392) и Злосторство против човештвото (членот 403-а) од Кривичниот законик на Република Македонија, со предлог Судот да им изрече казна доживотен затвор и конфискација на личниот имот и на семејството, дома и во светот!

СМК бара јавниот обвинител да ги провери гласините во Грција за поткуп на пратеници и министри во Македонија за дела против државата и нацијата и да поднесе обвинителен акт против учесниците!

СМК поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Одлуката за пристапување кон измени на Уставот бидејќи е во спротивност со членовите 1, 8, 51, 52, 61, 68, 73, 75, 91, 118, 119, 130 и 131 од Уставот, Одлуката на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, Одлуката на референдумот одржан на 30 септември 2018 година и членовите 19 и 30 од Законот за референдум.

СМК бара Претседателот на Републиката да ја огласи за ништовна Спогодбата Димитров-Коѕиас и за тоа со нота веднаш да ги извести Генералниот Секретар и земјите членки на Обединетите Нации, а до Генералното Собрание да достави Резолуција за продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка “Република“ како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и јазик на англиски јазик (Macedonian people и Macedonian language), независно од историските хипотеки на Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ што се’ уште траат! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК бара Владата да си поднесе оставка, Собранието да се распушти и да се организираат вонредни парламентарни избори!

СМК бара итно и безусловно протерување на американскиот амбасадор од Македонија и негово прогласување за персона нон грата поради грубо мешање во внатрешните работи на Македонија!

СМК и натаму повикува на семакедонско помирување и обединување со координација, соработка и размена на искуства и информации, за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата!

 



 

For all Media Enquiries

Please contact National Executive Director 

for WMC-A Media & Public Relations

Julie Corby

or

WMC-A National Executive Vice President (Administration)

Tony Kitanovski

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

By | 2018-10-21T04:18:21+00:00 October 21st, 2018|Latest News, Press Release|0 Comments