Мизерија…. Пред Нова Година!

Nikolina Popovska

Во последниве пет години во Македонија се случуваат разно разни преседани и напади врз демократијата и врз човештвото какви што историјата не памети. Глобалофашистите се решени да уништат еден од најдревните народи на светот Македонците. Зошто? Одговорот ќе го оставам на вас драги читатели да го толкувате како ви одговара.

Но мислата ми беше да се осврнам на денешните збиднувања во Македонија и Македонците во дијаспората. Многу движења во Македонија се родија кои застанаа на браникот на државата ни Македонија. Најважно од се е тоа што сите имаат еден заеднички именител а тоа е Република Македонија и еден единствен непријател а тоа е хунтата на власт СДС/ДУИ. Зошто тогаш се потребни толку многу разделувања, препукувања, политички пресметки па дури и лични навреди!? Зошто? Е па еве зошто – некои се борат за политички поени за да дојдат на владт, други се борат да си ја спасат голата кожа и да не паднат во апс па мора да соработуваат со хунтата а патриотизмот и љубовта кон татковината ги тера во исто време да се борат за неа, трети се чисто родољуби, патриоти и се борат за зачувување на Македонија унитарна и единствена таква каква што е имаме. Од друга страна пак го имаме ВМРО ДПМНЕ кое не може да смогне сили да го поведе народот против овие црнила како што милуваат да речат тие за да побрзо дојде искрата на зората. И така се во круг а хунтава СДС/ДУИ си тера по нивно и жива сила не тантели.

Но и нив не им оди се подмачкано! Ете по толку радоси, бакнувања на пенкала и лажење конечно признаа дека немаме датум за почеток за преговори ниту за НАТО ниту за ЕУ. Но ние го знаевме тоа, нели!? Потоа Американскиот Амбасадор Бејли кој е најзаслужен за оваа калакурница во Македонија се огради од судиите и целата судска фела барајќи им писмена нота дека тој не бил вклучен во крајната одлука на ниту еден судски процес. И него му гори под нозе што да прави сиромашкиот. И тој е во иста каша како и овие нашите црпнати. Читам пред некој ден дека и невладиниве финансирани од Сорос и УСАИД се свртиле против владава и не ја одобруваат политичката амнестија за добивање гласови за 2/3 мнозинство за гласање на амандманите за а Северна Македонија! Баш убаво! Мило ми е!

Светов полека но сигурно се преориентира!

Македонциве од дијаспората се повеќе се таргет на поединци или движења во Македонија. Изгледа ги гледаат само како машина за пари печатење и мислат дека се глупави. Но жалосно е што и Македонците во дијаспората се поделија на наши и ваши во сооднос кон кое движење се определени погледите на индивидуата. Движењето Блокирам кое постојано сака да се истакне дека тие се тие кои најмногу се залагаат за ослободување од хунтата прават и катастрофални грешки со своите потези. Плукаат по секој кој не се согласува со нивните идеи. Политичките поени и спасување на сопствената кожа им се во прашање, иако не на сите морам да признаам. И таму има чесни родољуби кои искрено се борат за Македонија или како што вели народецов наш во секоја гајба јаболка мора да има и некое труло. Проблемот овде е што трулите јаболка се ставени одозгора да се гледаат, но како било се ќе изоди за правење ракија. Македонската дијаспората пак која го поддржува движењето Блокирам се како муви без глави не знаат каде летаат. Разбирам поддршка но не за политички поени на некои личности кои се компромирани од хунтава а најлошо од се самобендисани дека тие биле единствени кои можеле да ја водат Македонија. Самобендисаноста не значи лидерство! Истите овие ги користат “терористите” од 27 Април за да соберат поголеми политички поени но овие од дијаспорава за жал не ја гледаат целосната слика и не читаат меѓуредови туку се заслепени од нивните гласни потези и наклонетоста кон Русија која нема никаква врска со сета оваа фарса која ја спинуваат. Не велам дека тие Македонците од дијаспората не се родољуби но не знам зошто е потребно да се атакува се што е против!? Можеби така им е наредено за да се заштитат тие челниците и за да добијат поголеми политички поени!? Не знам тие си знаат!

Од друга страна пак го имаме движењето Бојкотирам кое е по пасивно навидум но повеќе работи со дела. На Хунтата и е повеќе страв од Бојкотирам очигледно бидејќи два пати  ги спречува да протестираат пред влада. Има и зошто да им е страв. Им срушија референдум со седење дома! Им ги помешаа плановите! Знаат тие дека народот бара нов лидер, нова крв, нови лица! Знаат ако овие се естаблираат ќе има поголема разбранетост меѓу народот бидејќи довербата ќе им се поврати па затоа ги угушуваст! Македонската дијаспора која го поддржува ова движење е исто по пасивна но многу повеќе работи зад затворени врати. Нема дотур пари за ова движење освен за основните финансиски потреби кои се неопходни за да се организира еден протест или било кој друг проект. Нема пари за во џеб. Секој денар е одчитан. Можеби затоа и не се гласни во споредба со другиве, не знам. Персонални атаци, колективни атаци, испади при протести со цел да се поттикнат провокации што ли уште не трпат овие од движењето Бојкотирам но ако, нека!

Кучињата лаат караванот си врви! Или како народот би рекол најомразен е тој што ја говори вистината! Вистината е една и секогаш излегува на виделина сакале или не!

Е па народе Македонски каде и да сте дојдено е време за заедничко дејствување наместо јадење меѓу себе! Во спротивно чорба со боранија ќе сркаме сите!

Ај на здравје и посреќна да ни е новава година 2019 што ни доаѓа!

Original Post first published on ‘Види Види’ Facebook Page.

About the Author

Nikolina Popovska is an independent writer and Journalist working in London, England. Nikolina is originally from the beautiful city of Bitola, Macedonia. She has Bachelor degrees in Social Science and Journalism and is currently working on publishing her first book. 

Disclaimer: The views and opinions expressed in this article are those of the authors and do not necessarily reflect the official policy or position of the World Macedonian Congress or any of its’ subsidiaries.



The World Macedonian Congress welcomes independent writers and Journalists. If you have a story which you would like us to publish, please get in touch with our Editor by clicking on the button below.

By | 2019-01-03T14:10:36+00:00 January 2nd, 2019|Latest News, Opinions|Comments Off on Мизерија…. Пред Нова Година!