МАКЕДОНЦИТЕ СО ИНДИГНАЦИЈА ОТФРЛААТ ЗАЕДНИЧКО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ЧЕСТВУВАЊЕ НА 2 АВГУСТ КАКО БУГАРСКИ ПРАЗНИК!

20 јуни 2017 година, Софија, Бугарија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација ја отфрла изјавата и намерата на премиерот Зоран Заев од денешната средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов за заедничко македонско-бугарско чествување на Илинден на 2 август годинава во Крушево, за кога е најавено и потпишување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија Бугарија, контраверзен во делот за положбата и правата на Македонците во Бугарија и за “заедничката“ култура и историја која Софија ја смета за бугарска.

СМК за крајно неприфатлива и штетна ја оценува изјавата на премиерот Зоран Заев од денешната прес-конференцијата со бугарскиот премиер во Софија, дека “Денес Македонија го затвора поглавјето на национализмот и отвара поглавје на европската иднина“. Ниту продажбата на македонските национални интереси е европска иднина, ниту одбраната на македонската култура и историја е национализам!

СМК смета дека Софија и натаму продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Македонија и во светот како Бугари, што претставува груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото!

СМК ја осудува сервилноста на премиерот Зоран Заев на анти-македонизмот на Софија поради бугарското вето во ЕУ и НАТО!

СМК потсетува дека 2 август е Ден на државноста на Македонија и национален празник на Македонскиот народ, а не бугарски национален празник и Македонците треба и натаму самостојно да го одбележуваат како и досега, како што не се мешаат во одбележувањето на бугарскиот национален празник 3 март којшто Софија го слави како празник на Санстефанска “Голема Бугарија“ во чии граници била и Македонија, поради Мировниот договор кој не се реализирал а траел само три месеци од неговото потпишување на 3 март 1878 година во истанбулското село Сан Стефано, како крај на војната меѓу Руското Царство и Отоманската Империја 1877-1878 година!

Prime Minister Zoran Zaev from today’s meeting with Bulgarian Prime Minister Boyko Borisov

By | 2017-08-01T02:13:21+00:00 June 20th, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|0 Comments