МАКЕДОНЦИТЕ ОТФРЛААТ ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА НА ИМЕТО, БИДЕЈЌИ ЗА НИВ МАКЕДОНИЈА Е ЕТНОЛОГИЈА И ИДЕНТИТЕТСКО ПРАШАЊЕ А НЕ ГЕОГРАФИЈА!

19 јуни 2017 година, Атина, Грција – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација го отфрла наци-фашистичкиот предлог на Владата во Атина за географската одредница “Вардарска“ на државното име Македонија со обвинение дека таа “би ги исклучила сите иредентистички барања на Скопје.“

СМК потсетува дека Македонците немаат територијални претензии спрема Грција, ниту државното име Македонија тоа го имплицира, потврдено со декларацијата на Советот на министрите од 16 декември 1991 година по предлог на Арбитражна комисија за Југославија составена од претседателите на уставните судовии на пет земји членки на Европската Унија и претседателот на Францускиот уставен суд Робер Бадентер како нејзин претседател, дека “употребата на името Македонија не содржи какви и да е територијални претензии кон друга држава“ и со амандманите I и II на Уставот на Македонија од 6 јануари 1992 година со коишто членот 3 се дополни со “Република Македонија нема територијални претензии кон соседните држави“, а членот 49 се дополни со нов став дека Републиката во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија “нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“!

СМК ја реафирмира Декларацијата од 3 јули 1992 година со којашто Собранието на Република Македонија утврди “неприфатливост и отфрлање на делот од Декларцијата на Европскиот совет на Европската Заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува на признавањето на Република Македонија “со име кое нема да го вклучува терминот Македонија“, дека “името Македонија е основа за името на еден народ – Македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши дискриминација врз тој народ и националностите кои живеат со него, тоа не е во функција на мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и зачувување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин“, како и дека “Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската Заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на Обединетите Нации и нејзините членки, меѓународно да ја признаат Република Македонија со нејзинито име и во постојните граници“!

СМК потсетува дека Македонија за Македонците не е само географија, Македонија за Македонците е и етнологија, јазик, култура, историја, идеологија, филозофија… Македонија за Македонците значи живот и опстанок!

СМК го отфрла пристапувањето на Македонија во ЕУ и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и нацифашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата и културата на Македонскиот народ како вредности за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија, поради што ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК укажува дека “поранешна Југословенска Република Македонија“ не е меѓународно име чијашто замена се договара, туку времено обраќање само за системот на Обединетите Нации додека траат разговорите за разликата за државното име Македонија со Владата во Атина!

СМК и натаму бара безусловен крај на разговорите за името на државата и продолжување на членството во Обединетите Нации со Резолуција до Генералното собрание, под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-источна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик (Republic of Macedonia) со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес.

Истовремено, СМК потсетува на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од 5 декември 2011 година по тужба на Македонија против Грција за кршење на членот 11 од македонско-грчката Привремена согласност од 13 септември 1995 година, со којашто се суспендира суспензивното право на Грција против Македонија и се потврди дека Македонија може да членува и аплицира во сите меѓународни организации и сојузи на држави под државното име Македонија, иако Грција го задржува само правото на протестира додека другите ни’ се обраќаат и не’ примаат во членство под државното име Македонија!

СМК во односите со Атина бара уредување на прашањата за државјанството, граѓанските, имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија по Првата и Втората Балканска војна 1912-1913 година и по Граѓанската војна во Република Грција 1946-1949 година, како и за човековите и граѓанските права и слободи на Македонците по потекло во Република Грција и воените репарации.

И покрај се’ и после се’, СМК предлага македонско-грчко помирување и Договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Грција, со заемно почитување и соработка по сите прашања од заеднички интерес врз принципот на еднаква сувереност!

By | 2017-06-20T13:50:30+00:00 June 20th, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|2 Comments

2 Comments

  1. Anamarija June 21, 2017 at 7:35 pm - Reply

    Prifakajte go imeto Vardarska . Vo ocite na Grcite i sme Vardarska. Pa Zaev ne dojde za gabe na vlast . Dojde na vlast cisto samo za da im udovoli na Amerika i Grcija. Znaci prifakajte zasto vo ocite na Eu nie ispagame losite samo zaradi inaetot. A koj dosega ne prizna kako Republika ? Uste sme Firom. Samo se zaebavaat so nas.

  2. Bob Mackovski June 22, 2017 at 12:05 am - Reply

    Promena na Imeto ne doaga vo obzir apsolutno po nikoja cena.Prodolzuvanje razgovori: Da,ke morame da bideme odgovorni i pristojni ne za nesto drugo,nego za ona sto postoime kako narod so svoe ime Makedonci i svoja teritorija Makedonija.Toa nemoze nikoj so sila de ni stavi drugo ime na drzavata.Razlika vo imeto izmegu naseto ime ” Republika Makedonija” i imeto vo Egejskiot del ” Makedonija”veke postoi.Ne postoi nikakva pricina zosto Grcija ne si stavi drugo ime ili nekakva odrednica,se razbira ona sto ke odlucat na nivnata teritorija?

Leave A Comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.