Има ли некој нормален или сите се наркомани?

Пишува: Тодор Петров 

Кога се појави ВМРО-ДПМНЕ на чело со Љупчо Георгиевски на македонската политичка сцена, по дисолуцијата на поранешна СФР Југославија, Македонците мислеа дека ќе стават крај на српскиот хегемонизам во Македонија, ќе ја возобноват Македонската држава, ќе го заокружат вековниот стремеж со суверена и самостојна држава Македонија! И, тоа бидна…

Тоа беше време кога вмровците ги обвинуваа на социјалдемократите за србомани, а ЉуПчо Георгиевски го славеше Александар Трети Македонски и неговите походи до Индија. Со долгите коси, некои го сметаа за реинкарнација на Исус… Тоа беше време кога ВМРО-ДПМНЕ се бореше за Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Србија, за Македонците во светот, аплаудираа на паролата “Конгресот на ВМРО во Солун”…

Од друга страна, старите удбашки и комунистички кадри во конвертираниот Сојуз на комунистите на Македонија во СДСМ со Тито Петковски, им правеше афери на ВМРО-ДПМНЕ со бугарски летоци, социјалдемократите ги обвинуваа на вмровците за бугараши. Тоа им беше главен адут на СДСМ дека: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја однесе Македонија во скутот на Софија… Работата била, ММЕ кој прв почна, ама и ММЕ кој последен ќе заврши…

На новинарското прашање упатено кон Љупчо Георгивски, тогаш “Зошто ги нарекувате СДСМ-овците србомани?” Одговорот беше “Затоа што тие нас ВМРО-вците не’ нарекуваат бугарофили!” А, на прашањето “Зошто го чувате во партискиот штаб знамето со шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа ако е грчко како што велите?“ Одговорот беше “Затоа што СДСМ го смени шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа од државното знаме на Македонија!“ Дете од детска градинка така не би одговорил, но нејсе, лета магарето, лета… Лидерот кажал…

Во тоа време, ВМРО-ДПМНЕ го имаше шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце за симбол на партијата. Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце беше отпечатено и на партиските книшки.

Во времето на првиот парламентарен состав, СДСМ и либералите на Стојан Андов бараа “Тодор Петров да се затвори, а Светскиот Македонски Конгрес да се забрани“. Министерот за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски од парламентарната говорница велеше “Светскиот Македонски Конгрес на Тодор Петров е меѓународна терористичка организација“, а министерот за правда Владо Поповски дека “Македонската национална програма на Светскиот Македонски Конгрес ќе предизвика Трета Балканска Војна бидејќи за Македонија почнува да зборува од времето на антиката“… Подоцна, Владо Поповски стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а Тодор Петров, после првиот парламентарен маднат, поради реваншизам и одмазда остана 16 години на улица без работа…

Во меѓувреме, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од ЉуПчо стана ЉуБчо, се декларира за Бугарин и зеде бугарско државјанство, се престрои поблиску до источните корени.

Со бугарското државјанство, впрочем таков си беше цело време, ЉуБчо Георгиевски стана најгласниот мегафон на софискиот антимакедонизам во Македонија и најомилен во цитатите на солунскиот митрополит Антимос, чиишто ѓаволски проповеди б’здат отрови кон Македонците.

Многузначната одметната Доста Димовска, по задача на Калето, формира Демократско-Републиканска Унија со уникатен предлог за решение на македонскиот јазол: Македонија на Ванчо Михајлов како Швајцарија на Балканите, со четири кантони, албански, српски, бугарски и грчки, со се’, само без Македонци. И тогаш, името Македонија би било прифатливо за сите соседи Албанија, Србија, Бугарија и Грција околу државата Македонија. Си умре, пустата, во Софија. Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце го сметаше за грчко подметнување…

Денес, ЉуБчо Георгиевски – Александар Македонски и шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце ги смета за грчко културно наследство. А, СДСМ ја обвинува на ВМРО-ДПМНЕ за антиквизација и десловенизација на нацијата. Останаа верни на покојникот Киро Глигоров кој знаеше да каже “Ние сме Словени, дојдени по шестиот век од нашата ера од зад Карпатите. Да не не’ нарекуваат Срби или Бугари, се нарековме Македонци поради името на областа Македонија којашто ја населивме. Ние не сакаме да го присвојуваме културно-историското наследство на античка Македонија и на Александар Велики…“ Кажа и замина, не ја преживеа вистината…

ВМРО-Народна партија, пак, на чие чело е Љубчо Георгиевски, е во сојуз со СДСМ. Она предизборното и изборното ЉуБчо на Бранко “Ти наркоман“, Бранко на ЉуБчо “Ти ненормален“, на кое сите аплаудиравме, како Господ знае што си кажаа вредно за нацијата и државата, денес е трајно минато свршено време. Меѓу ЉуБчо и Бранко владее хармонија. Станаа средно богати бизнисмени во Македонија и регионот…

Денес, СДСМ заборави на довчерашните обвинувања кон Љубчо Георгиевски дека е бугараш. Што ќе каже сега Зоран Заев за Ванчо Михајлов, нели, станаа другари со Владе Перев и РАДКО во Македонија?

Денес, за иронијата да биде уште поголема, Зоран Заев со Бојко Борисов договори: Македонија ќе пишува заедничка историја со Бугарија.

Денес, најголем гласноговорник на бугарската антимакедонска пропаганда во Македонија стана лидерството на СДСМ. Кои кнедли соросоидите мора да голтаат, чудо од луѓе се тоа…

МАНУ, кои го започнаа заедничкото одбележување на Светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј со БАНУ, упорно молчат. И да кажат нешто, нема што да додадат, таа институција одамна беше српска експозитура во Македонија, денес мошне брзо и лесно може да се профилира во подрачна единица на Софиската академија.

За разлика од конвертитството на македонската политичка сцена, Софија константно ги смета Македонците за Бугари, Македонија за втора бугарска држава, а македонскиот јазик за дијалект на бугарскиот јазик. Регрутираат само нови борци за бугарската кауза во Македонија. Се разбира, се’ се кешира… Ни баба на дедо не дава без пари…

За жал, изненадува Сојузот на борците, уста не отворија против бугарските фашисти од Втората Светска Војна, останаа верни безрбетници на нивната идеолошка матрица СКМ односно СДСМ. Туку, вистинските борци одамна загинаа…

Macedonian Prime Minister Zoran Zaev speaks during a news conference with Bulgarian Prime Minister Boyko Borissov in Sofia, Bulgaria, June 20, 2017. REUTERS/Stoyan Nenov

Зоран Заев, пак, се фали, дека во Струмица, во духот на декларираното добрососедство кое Македонците го читаат за велепредавство, од некоја спомен плоча веќе го избришал зборот “фашисти” после зборот “бугарски”. Колку ли само споменици и спомен-плочи ќе треба да се кршат низ Македонија… Зоран Заев се поклони сред Софија пред споменикот на Цар Самоил, на кој пишува “Цар на Бугарија”. Тоа им требаше на Бугарите, за кои Македонија е неизживеана романса, ама на Македонците не им треба Зоран Заев, затоа што Македонскиот Цар Самоил во Скопје шарените го демолираа…

Дали Зоран Заев мисли дека полесно ќе спие со бугарската лажна историја за Македонија, ако ни продава истополови бракови за свежа и млада крв на одамна развратниот Брисел, таа блудница Вавилонска, растурајќи го македонското општество и семејство? Е, ама, заборава дека допрва ќе остане без сон, сонот ќе му стане кошмар до крајот на неговиот живот и на неговите послушници…

Од 8 септември 1991 година заборавивме само една работа, најважната, дека со Македонија владеат врховисти и колаборационисти.

Затоа и заклучокот, што некои го повторуваат ама други не го читаат: Македонија не пати од дефицит на демократија, туку од суфицит на врховизам и колаборационизам. Е, ова не е механицистичко прашање.

А, врховизмот не е етничко, туку гео-политичко прашање. Врховизмот е сервилност на определена номенклатура, која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт со Македонија бара од некоја метропола: Во дваесеттиот век тоа биле Белград, Софија и Атина, а во дваесетипрвиот век Брисел, Стразбур и Вашингтон… Круна на таа сервилност во Македонија денес се вика Калето.

Дајте ни нам мандат, ние ќе ги смениме името на државата и идентитетот на нацијата! Наместо само ЉуБчо Георгиевски, Софија го ќари и Зоран Заев…

Но, во отсуство на доверба во номенклатурата, поради предавствата кон нацијата, плебсот го прифатил анархизмот и тероризмот. И имало жртви…

И после се’, што да кажеме? Има ли нормални во власта на оваа земја, или сите се ненормални? Е, нема правда, не ќе има ни мир… За Македонија се работи!

И покрај се’, пак сме јаки, коментаров е колку да не мислат дека нафта пиеме и на гранка растеме…

Македонија вечна, од исконот до бескрајот! Сите Македонци еден за друг! Амин!

 

By | 2017-07-17T17:04:36+00:00 July 17th, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|0 Comments