ИВАНОВ: НА 30 СЕПТЕМВРИ НЕМА ДА ГЛАСАМ! БОЈКОТИРАМ!

23 Септември 2018 година, Детроит, САД – На Македонската вечера во Детроит, организирана од Македонската заедница во САД во чест на престојот на Претседателот на Република Македонија, пред обраќањето на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во врска со владиниот референдум на 30 септември 2018 година, проф. д-р Ѓорге Иванов порача:

– Ова е мојот одговор. Во своето обраќање во очи на референдумот за независноста во 1991 година, претседателот Глигоров истакна дека референдумот треба да биде потврда, дека Македонскиот народ е народ со долга историја, со развиена демократска свест и дека со тој референдум треба самостојно и одговорно да испише нова страница на сопственото битисување.

За разлика од тоа, 27 години подоцна, со референдумот за грчката спогодба, се брише таа придобивка, за која се произнесоа македонските граѓани во 1991 година. Сакам да ги потсетам македонските граѓани, дека во согласност со членот 7 став 3 од Законот за референдум, никој не може да биде повикан на одговорност заради гласање односно негласање на референдум. Секој граѓанин има право да одлучи како ќе постапува на овој референдум: да излезе и да гласа, или пак да не излезе и да бојкотира. Што се однесува до мене, јас веќе гласав. Гласав пред 27 години на 8 септември 1991 година. Јас бев еден од оние кои го дадоа својот глас, Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава со свое име и свое достоинство. Не отстапувам од таа моја одлука.

Затоа, на 30 септември нема да излезам да гласам, – порача во своето поздравно обраќање претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов пред иселениците од Македонија во Детроит.

PRESIDENT OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA

IVANOV: I will not vote on 30 September! I will Boycott!

23 September 2018, Detroit, United States – At the Macedonian Dinner in Detroit, organized by the Macedonian community in the United States in honor of the visit of the President of the Republic of Macedonia, before the address of the United Nations General Assembly in New York regarding the government’s referendum on September 30 2018, prof. Dr. Gjorge Ivanov said:

– This is my answer. Addressing the referendum on independence in 1991, President Gligorov stressed that the referendum should be a confirmation that the Macedonian people are a people with a long history, with a developed democratic awareness and that with that referendum it is necessary to write a new page of the referendum independently and responsibly own existence. By contrast, 27 years later, with the referendum on the Greek treaty, that benefit was deleted, which the Macedonian citizens expressed in 1991. I want to remind Macedonian citizens that, in accordance with Article 7, paragraph 3 of the Law on Referendum, no one can be held accountable for voting or not voting at a referendum. Every citizen has the right to decide how he will act in this referendum: to go out and vote, or not to go out and boycott. As for me, I already voted. I voted 27 years ago on September 8, 1991. I was one of those who gave their voice, the Republic of Macedonia to be constituted as a sovereign and independent state with its own name and its dignity. I do not deviate from that decision.

Therefore, on September 30, I will not go out to vote, – the President of the Republic of Macedonia, Prof. Dr. Gjorge Ivanov in his welcome speech addressed to the emigrants from Macedonia in Detroit.

Thank you to Hristo Riste Misheff for the recording of the video 


 

DONATE TO WMC-A

As a not for profit association, the World Macedonian Congress – Australia can only achieve its goals with the assistance of our community. Without these donations, serving the Macedonian Community in Australia would not be possible.

Since our organization relies on the generosity of individuals and other organizations & businesses, we ask you to consider a donation to our cause. Please Click on the ‘DONATE’ button below and simply choose the amount you would like to donate. All donations are greatly appreciated.

We thank you in advance for your generosity.

By | 2018-09-23T21:57:09+00:00 September 23rd, 2018|Latest News|0 Comments