ДИЈАГНОЗА ЈОХАНЕС ХАН: БУГАРИЈА ПОСЛЕ БУГАРИТЕ…

27 јуни 2017 година.

Задолжително четиво...

Воведна забелешка на Тодор ПЕТРОВЈоханес Хан е Австриец, роден на 2 декември 1957 година во Виена, тој е австриски политичар од Народната партија во Австрија. Од 9.II.2010 до 1.XI.2014 година во Европската комисија на Баросо, Јоханес Хан е евро-комесар за регионална политика, а од 1.XI.2014 година во Европската Комисија на Жан-Клод Јункер е евро-комесар за добрососедска политика и проширување… Според службените податоци од пописот во 2001 година, вкупното население во Бугарија е 7.928.901, а во 2011 година било 7.351.234. Од зачленувањето во 2007 година во Европската Унија, од Бугарија во Западна Европа се иселени околу 3.000.000 претежно млади и високообразовани Бугари, денес Бугарија брои помалку од 6.000.000 жители. Се претпоставува дека во Бугарија живеат 2-3.000.000 Роми и најмалку 1.000.000 Турци. За 40 години, во најдобар случај, Јоханес Хан предвидува дека Бугарите како нација ќе исчезнат, односно нема да постојат во Бугарија… Затоа, на Софија и’ се потребни Македонците како Бугари, да одржува некаков времен и привиден баланс на мнозински Бугарски народ во Бугарија, иако 50.000 Македонци со бугарски пасоши кои од социо-економски причини транзитираат преку Бугарија за работа во Западна Европа не се никаква утеха дека Бугарија ќе го промени негативниот дизбаланс во етничката структура на населението, експресното стареење на нацијата и исчезнувањето на Бугарите во целина. Читајте го Јоханес Хан што кажал во 2013 година за Бугарија и како да се зачува таа територија од наездата на Ромите, Турците и Русите… Денес, да се радуваме на бугарска асистенција за членство во Европската Унија, а да се откажеме од македонската историја, јазик и култура е повеќе од лудост, со кус здив и осудено на пропаст! Но, читајте! Во друга прилика повеќе ќе коментираме… Слични на Јоханес Хан и Американската Влада во сенка, најверојатно е дека и за Македонија скроиле такви проекци, но жалосно е, Македонците свесно да се жртвуваат за нивните болни експерименти и за амбициите на трулиот корпоративен глобализам, таканаречениот нов светски поредок и Светската влада, сите во залез… Денес тој истиот Јоханес Хан ни држеше лекции на Влада, кое подло суштество…

Johannes Hahn

Пренесено од http://bultimes.com/diagnozata-ne-uvazhaemi-bg-polititsi-balgariya-sled-balgarite/ Куса анализа на Јоханес Хан, во 2013 гоодина како евро-комесар за регионална политика, а преведено и објавено во Бугарија дури на 08.02.2017 во Бугарија.

Во втората половина на април 2013 година, во Брисел е одржана посебна конференција. На неа кус извештај поднесува тогашниот комесар за регионална политика Јоханес Хан. Насловот на извештајот е кус “Бугарија по Бугарите“.

Во службениот регистар за настапите на Јоханес Хан и во деловодните дневници на Европската Унија, на германски јазик е останат само насловот “Probleme der Bevolkerungspolitik in der Europaischen Union – Bericht fon Johannes Hahn” Bulgarien nach dem Bulgaren “april, 2013”. Самиот извештај веќе е повлечен во “архива”.

Преведено од германски јазик, насловот значи: “Бугарија после Бугарите. Извештај, поднесен на конференцијата ‘Проблеми во демографската политика на Европската Унија”. Преводот на извештајот на Јоханес Хан е направен одговорно и професионално на 23 април 2017 година. Нема сомневање дека и во Министерството за надворешни работи и во Министерскиот совет и кај претседателот на Европската Унија постои и оригиналот и неговиот превод. Прашањето е зошто еден ваков документ за Бугарија е криен од бугарската јавност?

И тогаш, во април 2013 година, како и сега во април 2017 година, Бугарија е во предизборна треска. Во меѓувреме сепак беа одржани и избори за Европскиот парламент, и предвремени парламентарни избори и избори за локалната власт. Она што ги возбудува бугарските пратеници е: Сегашноста и иднината на Бугарија!

Кому служат институциите на бугарската држава? Откако им го зедоа лебот на народот, откако не’ оставија голи, боси и разоружени, и речиси ни ја исцицаа младата крв преку принудното печалбарство, поддржаните проектни апликации и грантовниот нихилизам, сега не караат небаре виновни за сите беди што како марокански скакулци не’ навјасаа. Која неоколонијална бессрамност и цинизам, спакувани во чоколадната глазура на евробирократската загриженост и неолиберална дволичност. Но и онаа понижувачка сервилност на божем нашите национални водачи.

Објавуваме текстот на извештајот на Јоханес Хан, без да ги коментираме ниту неговите наоди, ниту заклучоците што тој ги има направено. Нека читателот сам процени колку овие прашања го засегаат и колку би требало да ги алармираат пратениците кои управуваат со нашата земја. Нашата надеж е народот, но сепак да си ги отвори очите пред бездната која е пред нашите нозе.

Некогаш Дедо Славејков горко проплакал: “Со чепкалки сум му ги отворал очите на овој народ”. По него непрежалниот Николај Хајтов ги повтори со не помала горчина.

Ако ништо друго, се надеваме барем дека колегите од бугарските медиуми нема да останат рамнодушни и ќе ја придодадат и својата загриженост кон нашата со цел да бидат објавени тезите за Бугарија и нејзината иднина.

За жал, јавноста може да ги чуе и прочита вистинските европски вредности, а не тие во какви сите сме верувале и сме се надевале дека постојат.

Zoran Zaev & Johannes Hahn

By | 2017-08-01T02:07:31+00:00 June 20th, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|0 Comments