БУГАРИЈА Е МАКЕДОНИЈА, ДАЛЕКУ СЕ ТАТАРСТАН, МОНГОЛИЈА И КИНА!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

Конечно, на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов му успеа: Го донесе Зоран Заев пред Споменикот на Самоил во Софија и двајцата положија цвеќе и се поклонија пред “Царот на Бугарија“.

Дури и директорот на Бугарскиот национален историски музеј, Божидар Димитров, по повод посетата на Зоран Заев во Бугарија, за бугарската емисија “Денот во живо“, повеќе од радосен, вели: “Зоран Заев призна дека македонскиот и бугарскиот се еден народ. Неговиот поклон пред Бугарскиот Цар Самоил го потврдува тоа… Мислев дека тоа нема да го доживеам… Но, Зоран Заев кажа дека бугарскиот и македонскиот се еден народ. Сега ќе се потпише и договор за добрососедство. Договорот има една клаузула што означува крај на македонизмот и претворање на Македонија во втора бугарска држава, не веднаш, туку постепено.“

Bulgarian Professor

Bozidar Dimitrov – Director of Bulgaria’s National History Museum

Тоа е неизживеаната бугарска романса. Од оваа авантура ќе им остане Зоран Заев, како што го ќарија Љубчо Георгиевски и толку… Впрочем, затоа и се, Зоран Заев и Љубчо Георгиевски во коалиција. И Зијадин Села е неслучаен играч во таа групировка на антимакедонска основа, тој одамна е во блиски односи со Софија и бара графа Бугарин во пописните листи во Македонија. Но, тој виртуелен свет е далеку од реалноста. Постои пред вас кога вашите очи се затворени.

А, реалноста е, дека во основата на македонско-бугарските односи, не е прашањето дали Македонците се Бугари, туку има ли Бугари во Бугарија без македонски корени! За волја на вистината, њама Б’лгари ако Б’лгарија се разложи на Македонија, Мизија и Тракија!

Во параноидните “историски“ лаги на платеникот Божидар Димитров има само една вистина: Точно е дека во Бугарија нема македонско малцинство, затоа што мнозинството се Македонци! Колку се, самите еден ден ќе кажат! Нели, Татарстан е сепак многу далеку, за Монголија и за Кина и да не говориме…

Настрана фактот што и во Бугарија се пробива нова историска школа, историјата на Бугарија повеќе не ја врзуваат за Татарстан, Кина и Монголија, туку за стара Македонија

Бугарската државна политика – заложник на криминалите на Спаска Митрова, Мирослав Ризински и Здравко Здравевски како “Бугари“ од Македонија во Софија, доволно зборува за дијагнозата на власта во таа држава.

Но, се поставува прашањето, ако Македонците се Бугари, зошто Софија никогаш, ниту пред Атина, ниту пред Брисел и Стразбур, во Европската Унија, не го покрена прашањето за враќањето на имотите на насилно протераните Македонци од Егејскиот дел на Македонија окупиран од Грција, жртви на геноцид, од Балканските војни 1912-1913 година, се’ до таканаречената Грчка граѓанска војна 1946-1949 година?

На софиската манипулација дека имало 50.000 македонски државјани со бугарски пасоши, кои транзитно заминале на работа во Европа, би додале, има ли ориентација Владата во Софија за 3.000.000 млади од Бугарија кои трајно заминаа во земјите на Европската Унија? Има ли ориентацијата Владата во Софија, дека бугарската нација секундарно остаре, бидејќи од девет милиони Бугари сега брои шест милиони, претежно стари и невработени?

Едно време, се’ уште се свежи сеќавањата, еден патолошки пациент од Нервната болница во Бардовци бараше помош по интернет од Грција. Пациентот халуцинираше дека “го лекувале“ оти бил “Грк“ во Македонија. И, Грците дојдоа со два автобуси од Атина пред Бардовци, да си го спасат “сонародникот“ од крволочните власти на државата Македонија. Е, таа патологија околу Македонија и за Македонија е реалноста во која омразата и војната се’ уште се опција во митологијата на балканските нации-држави како креација на интересите на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори.

И покрај се’ и после се’, Македонија повторно е суверена држава, Македонците повторно се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација, нивниот јазик е Македонскиот и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени!

Македонија и Македонците, без дилема, ќе го погребаат анти-македонизмот на јаничарите, на врховистите и колаборационистите.

Боже прости им не знаат што прават, а сите се наши… Ние ќе простиме, ама нема да заборавиме!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

By | 2017-06-22T13:57:21+00:00 June 22nd, 2017|Latest News, News by Todor Petrov|1 Comment

One Comment

  1. […] this campaign has been reinvigorated, as the Director of the State Archives of Bulgaria, Bozidar Dimitrov officially stated to the media that the Republic of Macedonia should change its name and be called […]

Leave A Comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.